Инвазијата на Владимир Путин на Украина е една од најкатастрофалните последици за рускиот претседател, меѓу другото и поради тоа што соседна и досега неутрална Финска веќе веќе отворено покажува аспирации за приклучување кон НАТО.
„Се очекува нордиската нација да го објави својот интерес за членство во НАТО веднаш оваа недела откако нејзиниот Комитет за надворешни работи ќе подготви одговор на владиниот безбедносен извештај – кој ја вклучува опцијата за пристапување во Алијансата. После тоа, финскиот парламент ќе одржи вонредна расправа за тоа дали да ги одобри препораките за безбедносниот извештај“, објави Си-Ен-Ен.
По ова, многу е веројатно дека НАТО ќе ја покани земјата да разговара за пристапување во алијансата.
Се верува дека ова ќе се случи многу брзо, бидејќи Финска веќе ги исполнува повеќето критериуми и мала е веројатноста која било членка на НАТО да се спротивстави.
Повеќекратните неодамнешни анкети покажаа дека најмалку 60% од Финците сега се за членство во НАТО, што е огромен скок од претходниот максимум од околу 30% во изминатите години.







