Претседателот и врховен командант на оружените сили на Руската Федерација, Владимир Путин, ѝ наложи на армијата да го обезбеди мирот во Донецката и во Луганската Народна Република, се наведува во указот што го потпиша тој, објави „Спутник“.
Шефот на руската држава исто така му наложи на руското Министерство за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со двете области од Украина што ги призна за независни држави со два одвоени указа неколку часа претходно.
Путин изрази уверување дека „народот на Руската Федерација ќе ја поддржи одлуката за признавањето на Донецк и на Луганск.





