Министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој најголем дел од јавноста го памети по заплена на 4 тони путер и тоа што над 40 дена живеел без загубени банкарски картички се надева дека ќе биде запаметен по арно.
,Ние сме генерација на политичари кои носат храбри одлуки. По тоа ќе бидеме запаметени, како генерација која ги отворила границите и создала иднина за целиот регион”, објави Николовски во рамки на вински проект поврзан со Отворен Балкан.
Коментарите дијаметрално спротивни на тоа што го очекува министерот.
Ние сме генерација на политичари кои носат храбри одлуки. По тоа ќе бидеме запаметени, како генерација која ги отворила границите и создала иднина за целиот регион. #ОтворенБалкан pic.twitter.com/Ey4v8L609P
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) June 10, 2023
Пред две недели Николовски замина дури до Вермонт, САД за да гледа како се прават млеко и кашкавал.





