Кинескиот претседател Си Џинпинг официјално го го пушти во употреба најдолгиот мост во светот – колосалниот проект кој ги поврзува Хонгконг, Макао и континентална Кина.
Мостот е долг 55 километри, а трошоците за изградба достигнаа речиси 20 милијарди долари. Дел од оваа комуникација во еден дел поминува низ тунел под морето.
Мостот претставува физичка врска со Хонг Конг, финансискиот центар на Азија, кој го поврати од Велика Британија во 1997 година.
Изградбата на гигантскиот инфраструктурен проект започна во 2009 година и за едни, проектот е инженерско чудо, додека други во него гледаат скап политички проект , за понатамошно интегрирање на Хонг Конг кон континентална Кина.





