Пула: Државотворните Албанци војуваа во 2001 со Славомакедонците за албанските територии во РМ, но се задоволија со човекови права!

„Во Македонија Словеномакедонците ги негираа етничките Албанци дека се државотворен народ. Поради тоа во 2001 година во Македонија започна оружен судир со стремеж кон албанските територии, барем според она што се кажуваше во нивните соопштенија. Меѓутоа, стремежите кон албанските територии во Македонија се сведоа на една граѓанско-политичка самодоволност како што се правата на човекот.“ – вели политичкиот аналитичар од Косово Шќиприм Пула во својата колумна со наслов „Национално-политичка деменција“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



Покрај другото, натаму Пула пишува: Оружениот судир од 2001-вата година се заврши со документот наречен „Охридски договор“. Но содржината на тој договор досега остана само делумно спроведена. Албанците во Македонија, иако се конститутивен и државотворен елемент, остануваат како 20-процентен народ!

Во 80-тите и 90-тите години од минатиот век, но и во годините потоа се до денес, во албанските општества и политика се спроведе регрутирање необразувани поединци, политичари-бизнисмени, на политичари со ропски души, кои станаа дел од измамите, демагогиите, лицемеријата, манипулациите и крадењата. Нашите политичари беа со национална деменција, со ментални нарушувања на национален план.

Така ние, Албанците настрадавме и национално и политички. Затоа, нам ни треба политичар со идентитет, кој нема да биде никому беден слуга, ниту вазал.