Пукнала цвка, па „плански“ го исклучиле прв блок од РЕК Битола

Од АД Електрани на Северна Македонија информираат дека заради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата, пренесе ТВ 21.



Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката.

Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа.