Соработници на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност најавуваат дека до јавноста ќе достават документи со кои се докажува дека Лидија Димова ги кршела строгите критериуми за доделување на европските пари.
Тие најавуваат дека ќе достават документи со кои се докажува дека пари биле давани на блиски роднини на високи државни и партиски функционери.
За практиките на директорката тие постојано ги информирале и македонските власти но и европските институции но досега немало фидбек од нивните напори.
Се сомневаат дека Димова имала заштита од високи партиски и државни функционери кои спречувале секаква проверка на нејзината работа.






