Пукање во Балтимор, најмалку 4 загинати, десетици повредени

Полицијата во градот Балтимор истражува масовно пукање. Извештаите укажуваат дека пукањето се случило за време на собир во близина на Бруклин Хомс.



Првите извештаи покажуваат дека повеќе луѓе се убиени, а десетици други се повредени, јавуваат локални медиуми.

Најмалку четири лица загинаа, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми. Тие се повикуваат на локални функционери и сведоци.