Најбогатиот човек на светот, Илон Макс, го комплетираше купувањето на Твитер за 44 милијарди долари.
„Птицата е слободна“, напиша тој на платформата по преземањето алудирајќи на заштитниот знак на Твитер.
Неколку од досегашните директори на социјалната мрежа, меѓу нив и извршниот директор Параг Агравал, веднаш добија откази.
Со ова се става крај на неизвесноста за тоа дали за купувањето на Твитер ќе се оди на суд, откако милијардерот првично прифати да ја преземе платформата, но потоа се обидуваше да се повлече од процесот.
Компанијата Твитер засега го нема потврдено новото сопствеништво, но еден од инвеститорите за Би-Би-Си потврдил дека договорот е комплетиран.






