Првпат по 15 години без ниту еден пратеник Албанец во Парламентот на Србија

Албанското малцинство во Србија првпат по 15 години нема да има свој претставник во Парламентот, откако Шаип Камбери извиси за 13 гласа во повтореното гласање.



На повторените избори во Велики Трновац кај Бујановац кандидатот на Колаицијата на Албанците од Прешевската Долина доби 598 гласа, а за влез во Собранието му бера потребни 611.

Камбери за телевизијата Клан Косова оцени дека неговиот неуспех е последица на поделеноста меѓу партиите на Албанците, додавајќи дека тоа го сториле „ѓаволите од редовите на Албанците“.

Тој нагласи и дека шест гласа во Велики Трновац, каде што живеат Албанци, добила Социјалистичката партија на Србија и оти имало 10 неважечки гласа. Албанската демократска алтернатива добила два гласа, а листата „Милош Јовановиќ – надеж за Србија“ еден.

Гласале вкупно 618 од 1.089 избирачи со право на глас или 56,7 проценти, што е помалку од излезеноста од 64 отсто на претходното гласање.