Прво името на Македонија, па прашањето на МПЦ, вели Неофит

Поглаварот на Бугарската православна црква вели дека прашањето на македонската црква ќе се придвижи, откако ќе се реши прашањето за името на државата.



„Се уште се работи на на името на државата Македонија. Кога овие детали ќе бидат разјаснети, прашањето за црквата сигурно ќе се придвижи“, изјави бугарскиот патријарх и Софиски Митрополит Неофит, пренесува агенцијата БГНЕС.