Прво деблокада на Собранието, па техничка влада

Утре во Собранието се очекува да бидат изгласани 40-на закони од областа на здравството, социјалата и финансиите, а во сабота Заев и Мицкоски ќе ја договорат техничката влада, се договорија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.



Доколку опозициската партија го исполни договореното, Централниот одбор на СДСМ уште утре вечер ќе одлучи дали Оливер Спасовски или некој друг ќе ја предводи Пржинската Влада од 3 јануари.

„Не доаѓа предвид сите да бидеме уценети од Зоран Заев со недавање оставка па да нема избори на 12-ти април, велат од ВМРО ДПМНЕ. Велат дека нема да кочат позитивни закони, но нема да гласаат за законите за една изборна единица, за опојни дроги, за одбрана и други, пренесе Телма.