Првите новородени бебиња добија штедни книшки со по 20.000 денари

Со желби за здравје, среќа, радост и бериќет, на двете први родени бебиња во оваа година, Град Скопје им додели штедни книшки со износ од по 20.000 денари.



Првото родено бебе е машко, тешко е 3 650 грама и е долго 51 сантиметар. Новороденчето е родено во 00:01 часот, мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска, а ова е нејзино второ дете.

Само неколку секунди подоцна, се роди и второто бебе во 2021 година, исто така машко. Мајка на второто бебе е 33 годишната Габриела Ѓошевска, која го роди своето прво бебе тешко 3.350 грама, 51 сантиметар долго.