Во исповед за српски „Курир“, премиерот Зоран Заев раскажува како од продавач на лубеници стигнал до премиер.



„Моето име е поврзано со Србија, мојата младост е поврзана со Србија, сè што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Убава Јелена. Ја запознав едно лето додека продаваше лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место.

Првиот дополнителен профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продавав суви пиперки во Србија“, вели Заев.

„Првата голема заработка, 2,4 милиони марки е од црвени пиперки, кои ги сушевме во Струмица, и му ги продадовме на „Хоргош“ за производство. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договор падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана“, раскажува Заев.

„И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството.

И сега нека ми каже еден српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, додава тој.