Шефот на владиниот тим за пропаганда Зоран Бојаровски денеска го обвини весникот ,,Независен” за подготовка и ширење на лажни вести.
“За инает на лажните вести:
Туку што си букирав повратен авио билет со Скопје Атина со Aegean Airlines
Си се частам за роденден!”, напиша Бојаровски на социјалните мрежи.

Бојаровски и владиниот ПР тим официјално не го демантираше весникот Независен кој прв објави дека авио компанијата од Атина го повлекла барањето за одобрение на летови од Атина за Скопје и обратно.
Подоцна сите други медиуми ја пренесоа веста на весникот Независен кој е основан со грчки капитал од инвеститори блиски на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и грчката влада.
Овој медиум важи за одлично информиран за односите Скопје – Атина.
Целата информација на Независен на овој линк





