Првиот вицепремиер ТикТокер: По Османи и Груби бара следбеници „меѓу младите“

Првиот вицепремиер Артан Груби станува се поактивен ТикТокер. Тој на фејсбук ги повика граѓаните да му се приклучат на таа социјална мрежа каде веќе има креиран профил и над 1.200 следбеници.



https://www.facebook.com/ArtanGrubi/posts/410490667107124

Груби во кампањата за локалните избори е активен на терен, а карактеристично во неговите објави се белите патики кои често ги објавува, а ги носи секој ден. На нив е испишан бројот 3, број за Демократската унија за интергација.

Претходно и министерот за надворешни работи Бујар Османи креираше профил на Тик Ток.