Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, тврди дека бил затрупан од понуди за вакцини против Ковид-19, меѓу кои и 5 милиони од Германија, но не сакал набавка по неофицијални канали.
„Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има“, изјави тој во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.





