Првиот синдикалец во М-НАВ повикан во полиција – го пријавиле директорите

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски денеска бил повикан да даде изјава во полиција, откако директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди и уште еден од тројцата директори, Хасим Деари, го пријавиле дека чувствуваат загрозеност на безбедноста од него. Третиот директор Љубе Стаменковски, кој им даде поддршка на инженерите и инструкторите (од неговата струка), не бил потпишан на таа пријава.



Како што пишува СДК.мк Тасевски, кој заедно со колегите се борат против непотистички и партиски вработувања на измислени работни места во М-НАВ објавувани цела година на сомнителни огласи, неколкупати се закани со штрајк на контролорите и со затворење на небото за авиопрелети. Последно што таму се случи, е поднесувањето оставки на раководните авторитети од Секторот за воздухопловна техника, кои се со посебен синдикат, затоа што на последниот сомнителен оглас биле примени на обука, односно на работа несоодветни кадри за инженери и инструктори.

Целата вест на СДК.мк на следниот линк:

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ НА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ ТАСЕВСКИ ПОВИКАН НА РАЗГОВОР ВО ПОЛИЦИЈА ПО ПРИЈАВА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА М-НАВ ХАМИДИ И ДЕАРИ