Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Неготино, Јане Трајков, по национална припадност се определил како Албанец за да се вработи по етнички клуч во Државниот инспекторат за земјоделство, објави порталот „Лидер“.
Тој е примен на работното место помлад соработник за реализација на проекти во Одделението за проекти при Секторот за проекти и административна поддршка на директорот на Инспекторатот.
Покрај Трајков, по истиот принцип се вработиле и неговите сопартијци Штерја Гогол, Силвана Трбогазова и Апостол Бакев, кои исто така се пишале Албанци, пишува „Лидер“.






