Првиот разузнавач незаконски вработил брат на правобранител, Пендаровски молчи

Вработувањето на братот на државниот правобранител Фехми Стафа во Агенцијата за разузнавање на чело со Еролд Муслиу без објавување на оглас е противзаконско пишува во анализата на неделникот Фокус во која уште се вели дека вработувањето е реализирано согласно практика што се применувала од формирањето на институцијата.



Оваа информација Фокус ја цитира од решението на Антикорупциската комисија со кое спротивно на законот и практиката се запира постапката за корупција и судир на интереси за директорот на една од најмоќните безбедносни служби во земјава која е под контрола на претседателот Пендаровски. Шефот на државата иако е запознат со неколку спорни случаи поврзани со Муслиу засега молчи.

Фокус пишува дека во рамки на овој предмет, била испитувана и невладината организација на сопругата на Муслиу, регистрирана на негова домашна адреса, каде, патем речено, извесен период било седиштето и на приватна компанија. Сепак, од фирмата тврдат дека станува збор за грешка…

“Вработувањето на братот на државниот правобранител Фехми Стафа во Агенцијата за разузнавање на чело со директорот Еролд Муслиу се коси со матичниот закон на институцијата – ова го утврдиле Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, која сепак одлучила предметот за АР и директорот Муслиу, отворен по пријави со сомневања за ризик од корупција и судир на интереси, да го затвори”, пишува авторот Влатко Стојановски во анализата која открива незаконитости при реализација на постапка во декември ланската година за вработување/ангажирање на братот на државниот правобранител Стафа како лично обезбедување на шефот на разузнавањето Муслиу, без претходно да се распише оглас.

Целата анализа на Фокус