Шефот на владината пропаганда во времето на Заев Зоран Бојаровски кој сега се претставува за новинар во хард кор провладиниот медиум Фронтлајн на Џабир Дерала излезе со фантастично тврдење дека секое македонско семејство во 2022 година добило по 350 евра од владата за струја.
Уште поневеројатно е тврдењето на Бојаровски дека македонските компании од владата годинава добиле по 240 до 280 евра за секој потрошен мегават час струја.
Бојаровски, најверојатно врз основа на некои свои чудни за јавноста непознати параметри тврди дека парите што владата ги дава на граѓаните се на владата а не на граѓаните од кои ги зема со досега невидена казнена финансиска политика.
,,Само во оваа година вредноста на мерките за поддршка на граѓаните и на компаниите достигна 760 милиони евра. Пари прибрани благодарение на ревносната работа и дисциплина на УЈП.
Еве само една мерка остварена благодарение на прибраните стредства на УЈП и на принципот „парите назад кон граѓаните“: Средствата се издвојуваат за субвенционирање на цената на струјата за граѓаните за секој граѓанин изнесуваат 6.800 денари годишно субвенции за струја, односно секое домаќинство добива по 21.000 денари субвенции за струја за оваа година, а на малите компании добиваат електрична енергија по цена од 220 – 260 евра за мегават час, додека берзанската цена на истата таа струја е околу 500 евра”, пишува Бојаровски кој пет шест години откако СДСМ дојде на власт и седум години откако кадарот на СДСМ Оливер Спасовски дојде на чело на МВР се обидува да докаже дека некој друг е виновен за хаосот што се случува во Македонија.
Инаку Бојаровски до кратко пред заминувањето на формалната позиција шеф на пропагандата на Заев во владата бил вработен и земал плата во ТВ Алфа кој тогаш беше провладин медиум близок на ВМРО-ДПМНЕ.
Целиот збунувачки текст на еден од најблиските соработници на Заев на овој ЛИНК






