Првиот полицаец најави проверка на Твитер за неовластена објава на слики (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави проверка на Твитер налог поради објавување на фотографии на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.



Спасовски потврди дека Пендаровски вчера до МВР поднесол пријава која сега се проверува од одделот за компјутерски криминал.

Истрагата се темели на наводно неовластено објавување на две фотографии.

Според експерти за медиуми и социјални мрежи поради јавната функција на Пендаровски и информациите дека наместо пријавеното Југо тој вози друго поскапо возило секој граѓанин има право да објави фотографија на која се гледа носител на јавна функција на јавно место.

Истрагата на МВР во овој правец се смета за притисок врз јавноста и Твитерџиите да запрат со објавување информации и фотографии кои се штетни за Пендаровски.

Во вакви ситуации јавниот интерес е тој што треба да пресуди за Твитерџиите а во случајов јавниот интерес е граѓаните и гласачите да знаат какво возило пријавил Пендаровски во анкетниот лист а какво навистина вози а не е пријавено во антикорупциската комисија, велат експертите кои инсистираат на анонимност.

Ако МВР нема друга позадина во случајот и навистина гони Твитерџии кои објавиле информација од јавен интерес случајот сугурно ќе заврши во Стразбур со пораз на МВР и државата, уверени се експертите.

Новинарот Фуркан Салиу по изјавата на Спасовски со порака “Twitter nation beware” апелира дека Твитер заедницата треба да биде подготвена.