Првиот оперативец Јанушев се повлече, во новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ и д-р Вело Марковски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, се повлече од лични причини, а инфектологот Вело Марковски влезе во новиот состав на Извршниот комитет.



Нови членови на извршниот орган на најголемата опозициска партија станаа и пратениците Рашела Мизрахи и Антонио Милошоски.

Лидерот Христијан Мицкоски предложил да се одржи Вонреден конгрес, на кој тој нема да биде кандидат за претседател на партијата, но Централниот комитет едногласно го отфрлил предлогот.

„ВМРО-ДПМНЕ е столбот на државноста на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е ‘рбетот на македонизмот и оттука ВМРО-ДПМНЕ има една единствена цел, а тоа е победа над мафијата, неправдите и злото наречено власт на Зоран Заев“, порача Мицкоски по седницата.