„МСВ арена“ во Дуизбург, со капацитет од 31.500 гледачи, ќе биде местото на одигрување на првиот натпревар воопшто меѓу фудбалските репрезентации на Германија и на Македонија, реши Германската фудбалска федерација (ДФБ).
Мечот од квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар е закажан за 31 март 2021 година, со почеток во 20:45 часот.
Одлука за можен прием на навивачи на стадионот ќе се донесе заедно со надлежните органи на подоцнежен датум, додаваат од ДФБ.
Реваншот меѓу двете селекции во Скопје е на Денот на востанието на македонскиот народ – 11 Октомври, исто така следната година.






