Претседателот на Сојуз на Синдикатите на Македонија Дарко Димовски објави дека актуелниот директор на скопското јавно претпријатие за Водовод и Канализација, Марјан Митовски имал лежено во затвор за напад со нож.
Димовски го открива криминалното минато на ВД кадарот на Данела Арсовска пред денеска на полноќ да истече рокот што ССМ и го даде на градоначалничката на Град Скопје да го разреши директорот на скопски „Водовод и канализација“.
Ако Митовски не биде сменет Димовски најавува дека вработените ќе излезат на штрајк.
,,Човечките односи меѓу директорот и работниците се нарушени, а верувам дека деновиве ќе излезат и други недоследности за директорот Марјан Митовски кој има сериозни судски пресуди, дури тој директор има лежено во затвор за напад и нанесување на телесни повреди со нож на друго лице”, изјави Димовски.
Вчера Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави дека ќе побара од Министерството за труд и социјала да биде медијатор за решение во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека доколку од ССМ достават барање за медијација, МТСП ќе одреди медијатор кој што ќе се обиде да го реши проблемот преку медијација.
,,Доколку ССМ достават барање за медијација, секако дека ќе постапиме согласно Законот и ќе одредиме медијатор, кој што ќе се обиде да го реши проблемот преку медијација за да може штрајкот во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје да биде ставен во мирување се додека не се изнајде решение”, рече Тренчевска.
Митовски за кого Митовски вели дека има затворско искуство е кадар на Арсовска кој беше назначен по разрешувањето на поранешниот директор Златко Перински од ВМРО- ДПМНЕ.
Споменатиот директор реагираше на обвинувањата на Димовски
Директорот назначен од Арсовска демантира дека лежел во затвор





