Иако сега дел од коалицијата на СДСМ искажуваат револт извршители на одлуката Втората македонска ударна партизанска бригада да се преименува со името на косовскиот политичар Адем Демачи биле советниците СДСМ, ДУИ, ЛДП, НСДП….
Одлуката Демачи да ја замени легендарната партизанска единица која е еден од столбовите на кои е формирана македонската армија е донесена на иницијатива на екс градоначалникот на Скопје сега висок функционер на СДСМ Петре Шилегов која ја изгласале советниците на СДСМ, ДУИ, ЛДП и други.
Одлуката е донесена на 25 март 2021 година кога советниците во град Скопје од коалицијата на СДСМ гласале во редот на новите имиња на улици да се најдат и ‘Беким Фехмиу’, ‘Ибрахим Ругова’ и ‘Адем Демачи’
Одлуката за која согласност дала и владата на СДСМ е објавена преку соопштението во кое е наведена и целосната листа за промена на улиците во Скопје.

Сега делови од СДСМ се бунат на промената на името но пред 28 месеци никој од нив не се побунил што историската македонска воена единица е заменета со име на човек кој за Македонија и Скопје не значи ништо.
Една од тие што гласале за Адем Демачи е Љубица Јанчева која тогаш била претседавач со советот и потписник на одлуката да се избрише парризанската единица а сега е советник на СДСМ во советот на град Скопје.

Текст за одлуката на коалицијата на СДСМ за забирав на македонската воена единица која се борела против германските и бугарските фашисти на овој ЛИНК






