Првата македонска фудбалска лига четврта одзади во Европа, полоша и од таа на Гибралтар!

На кое дереџе падна најсилното клупско натпреварување во Македонија во најважната споредна работа на светот покажува најновото рангирање на УЕФА, според кое Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се наоѓа на 52. место меѓу 55 национални првенства на стариот континент.



Полоши од ПМФЛ се само лигите на Андора, на Црна Гора и на „фенерџијата“ Сан Марино, а подобри се првенствата на Гибралтар (52. место), Малта (45.), Фарски Острови (43.), Луксембург (42.), Лихтенштајн (34.) итн.

Од земјите во регионот најсилна е лигата на Србија на 11. место, Хрватска е 19., Словенија 21., Бугарија 27., Косово 33. Босна и Херцеговина 41. и Албанија 49.

Најсилна лига во Европа е англиската Премиерлига, втора е шпанската Ла Лига, а трета германската Бундеслига. Во топ-10 се уште италијанската Серија А, потоа француската, холандската, португалската, белгиската, шкотската и австриската лига.

Рангирањето е направено врз основа на резултатите во куповите на УЕФА во последните пет сезони.