Првата антикорупционерка се пофали на МИА и доби обвинување дека крие предмети во фиока

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во интервју за Македонската информативна агенција изјави дека дури и во вонредната состојба се следи корупцијата.



Веднаш по објавување на интервјуто Ивановска беше прозвана на социјалните мрежи каде таа се обвинува дека долго време крие случаи на високи државни функционери во фиока односно намерно не ги разгледува.

Според коментарите покрај другите случаи се работи за досиејата за генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во случајот вреден 7 милиони евра “Леонардо – МНАВ”, како и за случајот со директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Случајот со Муслиу веќе 9 месеци не се разгледува од ДКСК која ја предводи Ивановска.

Што изјави Ивановска за МИА:

Имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа нашата држава поради светската пандемија и борбата за справување со корона вирусот SARS-CoV-2, Државната комисија за спречување корупција, заедно со Платформата на граѓански здруженија за борба против корупција, процени дека се зголемени ризиците од случајни или намерни грешки во вршењето на службената должност на одговорни лица во државните органи, особено во процесите на итни јавни набавки и користење на донациите, вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

Антикорупциска лови „корумпирани“ функционери, власта не ја ферма
„Од тие причини се преземаат активности за следење на содржината на процесите, транспарентноста и отчетноста на одговорните лица како и следење на реализацијата на уредбите со сила на закон и мерките што Владата и институциите ги носат во овие вонредни услови, а особено на оние кои вклучуваат трошење на буџетски средства и користење на донациите, a во насока на заштита на здравјето на граѓаните и економската состојба на земјава“, вели Ивановска во интервју за МИА, пренесува Слободна Европа.

Фото: РСЕ