Прванов: Бугарија губи, со ветото не го сменивме ставот на македонското општество

„Колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан, дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Така да, да се надеваме дека ќе се направи потег и оваа сага ќе заврши“, вели поранешниот бугараски претседател Георки (202-2012) Прванов.



Тојнагласи дека со ветото Бугарија ја загуби битката за историјата. „Очигледно со ветото не можеме да го смениме ставот на македонското општество.

Згора на тоа, од најблиските народи, какви што бевме и како што не прогласија двајцата премиери Борисов и Заев, станавме најнепријателски.

Според него- треба да се работи на обновување на билатералните односи, но не, како што наведуваат од француското претседателство и намерата на кабинетот „Петков“, тоа да се случува преку европските институции.

„Ова нема да се случи, како што не се случи пред повеќе од 100 години“, категоричен беше поранешниот шеф на државата.