Петнаесет првачиња од Основното училиште „Гоце Делчев“ во скопската населба Центар се во двонеделна излолација откако една наставничка е позитивна на Ковид-19, а другата е сомнителна.
Директорката на школото, Наде Молеровиќ, за Деца.мк изјави:
„Една наставничка е позитивна, втората е сомнителна. Во сабота ќе добиеме резултати дали има коронавирус. Таа има благи симптоми и во моментот држи онлајн-настава од дома. 15 првачиња се во изолација.
Двете наставнички се од различни одделенија.






