Кандидатката за претседател на опозицијата Гордана Силјановска и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се првите македонски политичари кои остварија средба со наследничката на германската канцеларка Ангела Меркел во партијата ЦДУ и најверојатно иден шеф на германската влада.
За време на посета на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел на која присуствува и Силјановска таа остварила разговор со лидерката на владејачката германска партија ЦДУ Анегрет Крамп Каренбауер.
Од лидерката на ЦДУ во разговорот и била искажана поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Двете соговорнички размениле мислења и за улогата на жените во политиката.
Крамп Каренбауер со целосна поддршка на Силјаноска Давкова за победа на претседателските избори.
„Давам поддршка на жените во политиката и се надевам на нивен успех. Се надевам дека ќе станете првата жена претседател на вашата држава и ќе победите на изборите“, е пораката што Крамп Каранбауер и ја упатила на Силјановска Давкова.

За време на разговорот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја запознал наследничката на Меркел со актуелната политичка состојба во државата и разговарале за актуелната состојба во рамките на ЕНП.
Каранбауер порачала дека стои на располагање за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на стратешките интереси и посакала успех на наредните избори.





