Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ја прифати оставката на министерот за јавен ред, Никос Тоскас, поднесена поради фаталните пожари минатата недела во Атика.
Неговите должности ќе ги преземе министерот за внатрешни работи, Панос Скурнитис, додаде тој.
Тоскас, пензиониран армиски генерал, беше под голем притисок да поднесе оставка поради катастрофалните пожари во кои загинаа најмалку 88 лица.





