Албанскиот јазик влезе во официјална употреба и во „Службен весник“, каде што е отпечатена првата објава на јазикот на најбројното малцинство во Македонија.
Станува збор за „Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија“, донесена на 5 ноември и потпишана од вицепремиерот Бујар Османи.
„#ОнаКога Владата на С̶е̶в̶е̶р̶н̶а̶ носи одлука за прва објава во ‘Службен весник’ на албански јазик, и тоа противзаконски, бидејќи не се сè уште усогласени Законот за употреба на јазиците и Законот за ‘Службен весник’.
#МалШенгенГолемаАлбанија
#НаПравПатМалоСутра“, на Фејсбук реагира Ана Дукоска, глобален координатор на непартиското движење „Ние сме Македонија“.
Дукоска за expres.mk нагласува дека ова е прва одлука на Владата објавена на албански, а не прва објава воопшто.
„Досега само законите се објавуваа на албански по стариот закон, а
за владина одлука нема таква клаузула во него. Не се усогласени сè уште Законот за јазици и Законот за ‘Службен весник’. Значи, објавата е противзаконска. Одлуките, Правилниците и сите подзаконски акти од Владата и од министерствата се објавуваа само на македонски“, објаснува таа.






