Прва изјава на човекот кој 7 години е одговорен за борба против криминалот по паѓање од Марс (СТАТУС НА ДЕНОТ)

Во рубриката статус на денот денеска главен јунак е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој цели седум години откако стана министер и само 3 дена откако американската амбасадорка Агелер најави битка со корупцијата дава ,,историска” изјава.



Шегата на сметка на Спасовски кој најавува дека може да се кандидира за претседател ја објавува екс обвинителот сега адвокат Војо Димоски кој изјавата на министерот ја доживува како: Првиот апел даден веднаш после паѓањето од Марс:

Спасовски кој самиот е дел од истрага која се води во ЈО за организиран криминал по цели 84 месеци на позиција која е главна во битката против корупцијата и криминалот вели дека е дојдено време за таа да се спроведе.

Да не беше тажно ќе беше смешно.

Најчитани вести

Бурето барут пред експлозија

На повидок хаос: Србија може да врати 1000 војници и полицајци на Косово