Во Германија е регистриран првиот случај на починат пациент од сојот омикрон на коронавирусот, објави телевизискиот канал Н-ТВ, повикувајќи се на институтот по вирусологија „Роберт Кох“.
Починатиот човек спаѓа во возрасната група од 60 до 79 години, а други детали за него не се објавени.
Во четвртокот од институтот соопштија за 810 нови случаи на омикрон, со што бројот на потврдени случаи во земјата достигна 3.198.
Поради брзото ширење, канцеларот Олаф Шолц предупреди за почеток на петтиот бран на пандемијата во државата, кој може да биде поагресивен од претходните.
Новиот сој се очекува да стане доминантен во Германија до крајот на јануари.






