Прв ден во Малта без нови случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата!

Малта потврди нула новозаразени од коронавирус во последните 24 часа во извонредниот развој на ситуацијата за островот, објави министерот за здравство Крис Фирн.



„Успеавме да го претвориме цунамито во поточе“, изјави тој, додавајќи дека вчера оздравеле 33 забоолени.

Токму вчера стапката на инфекција во Малта првпат падна на 0,5 и тоа е позитивен развој што покажува дека превентивните мерки во земјата дадоа резултат.

Сепак, Фирн ги повика граѓаните да не се опуштаат и да продолжат да ги следат советите од здравствените власти за социјално дистанцирање.

Заклучно со 25 април, во Малта се регистрирани 448 позитивни на коронавирус, само четири починати и 282 оздравени. Од активните 162 случаи, само два се во сериозна или критична состојба.

Членката на Европска унија од 2004 година има околу половина милион жители, од кои над 10.000 Македонци, според Македонската заедница на Малта.