Наспроти коментарите на социјалните мрежи и незадоволство кај граѓаните, градските служби реализираат активности против наездата на комарци со тивки авиони.
„Граѓаните се во заблуда. Градот редовно прска против комарци, но новите авиони кои го спроведуваат прскањето не се толку бучни како претходните“ вели портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху,.
„Деновиве гледам дека голем број од граѓаните не се соодветно информирани во врска со активностите кои ги има спроведено градот во врска со прскањето против комарци. Процедурите и користеното средства се тие истите како и до сега. Новитет оваа година се авионите кои не бучат како тие претходнит и, претпоставувам,, тука е и збунката зошто луѓето мислат дека не се прска“, вели Салиху, како што пренесеува „Фокус“.





