Признавање на Бугари на Косово на барање на Бугарија од страна на владата во Приштина е знак на непријателство кон Македонија која Косово го прозна во критичен момент, смета екс македонскиот амбасадор во НАТО Зоран Дабиќ.
Бугарија во последниве месеци бара од Косово да признае околу 4000 Бугари односно индиректно да прифати дека Гораните не се Македонци туку Бугари.
,,Секој евентуален чин на косовската влада во таа насока треба да се третира како непријателски чин. Македонија во критичен момент ја призна независноста на Косово. Признавањето на политичкото малцинство во Косово не води кон искрени добрососедски односи меѓу Македонија и Косово”, смета амбасадорот Дабиќ.






