Вчера, на југот на Албанија во областа Саранда била спроведена полициска акција за отстранување на патокази напишани на грчки и на албански јазик.
Поставувањето на двојазични табли на албански и на грчки јазик во селата во Саранда, што е спротивно на законот, предизвика реакциии а Партијата за правда, интеграција и единство (PDIU) го нарече сериозна провокација поставувањето грчки патни знаци на југот на Албанија.
Во изјавата за медиумите, од оваа партија ја обвинија владата и премиерот Рама дека сè е направено со негова дозвола, пренесува порталот 24ORE.
Според порталот, „ албанскиот јазик во втор план, на патните знеци е национален срам и потсетува дека „албанскиот јазик е официјален јазик во нашиот Устав. Малцинските јазици уживаат локални, но не и примарни права на службен јазик. Ова е јасно и во Рамковната конвенција на ЕК за заштита на националните малцинства, ратификувана со Закон бр. 8496 од 3.6.1999 година. Заштитата на малцинските права, во грчкиот случај, не може да се направи на штета на мнозинскиот јазик, кој е службен јазик“, пишува 24ORE.





