Провокации од Албанија: „Исуф Кока – херојот кој ги одбрани Албанците и Скендербег“

„За Исуф Кока, кој со оружје го одбрани својот хотел во Чаршијата во Скопје од хулиганите и потоа беше уапсен од полицијата, медиумите во Албанија зборуваат за храброста негова и на семејството Кока.“ – пренесува информативниот портал на албански јазик „ин7“.

„Ин7“ дополнува: „Исуф Кока од страна на медиумите во Албанија се опишува како херој, кој ги одбрани Албанците и Скендербег“.