Провладина интелектуалка Катерина Колозова која е една од ретките научници која ја брани владата на Ковачевски ја обвини македонската редакција на германскиот државен сервис ДВ за анти – ЕУ реторика.
На Колозова меѓу другото и пречи што Дојче Веле на македонски јазик објавува дека преговорите со ЕУ не се почнати поради што ја обвини редакцијата дека е експозитура на поранешната Источна Германија на Ерик Хонекер каде со земјата владееше тајната служба Штази.

Фото П/С Фејсбук К.К.
,,DW на македонски, DDR експозитура. Такви анти-ЕУ сентименти, такви на раб на дезинформации (а можда и точно дезинформации- не можам да тврдам) поврзани со преговорите кои “не биле почнати,” таква пропаганда против самите преговори (како на секој чекор не’ чека замка), од лани јуни до сега. Па сега уште Крамарска пишува. Ова во некоја централа на Дојче Веле во Берлин следат? Или се толку демократи што дозволуваат систематска анти-ЕУ реторика? Има ли пилот во авионот”, прашува Колозова.
За Дојче Веле пишуваат Борис Георгиевски, Катерина Блажевска, Соња Крамарска, Љупчо Поповски и други кои важат или важеа за поддржувачи на Преспанскиот Договор и политиките на Зоран Заев а некои од нив беа и дел од министерствата на СДСМ (Крамарска во одбрана во времето на Шеќеринска).
Насловна фотографија Европат





