Педесетгодишник од Македонија е уапсен од италијанските карабиниери додека се обидувал да провали во стан во Лагундо, 25 километри северозападно од Болцано, во северниот дел на земјата.
По пријава од локален жител, кој забележал силни метални звуци и интензивен мирис на изгорено, полициската патрола отишла во наведениот стан и го фатила криминалецот додека се обидува да ја обие вратата со разни механички алатки.
На човекот без постојан престој во Италија му ставиле лисици на рацете и сега се наоѓа во затворот во Болцано.




