Протурканиот закон за „Макпетрол“ меѓу првите точки на следната влада на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека законот за спорот меѓу државата и „Макпетрол“ за ГА-МА, кој тенкото владејачко мнозинство го изгласа „на мускули“, ќе биде меѓу првите точки со кои ќе се занимава следната влада што ќе ја состави неговата партија.



Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за стапување на сила на „штетниот“ и „криминален“ закон, како што го опишуваат во најголемата опозициска партија решението за исплата на 33 милиони евра од државата на „Макпетрол“ за неговата половина од ГА-МА.

Такво нешто од Пендаровски побараа и двата пратеника на Левица.