Блерим Ахмети, брат на лицето кое поод псеудонимот Ел Чека објавува „бомби“ на социјалните мрежи денеска предводеше протест против ДУИ во Тетово.
Протестот, организиран преку социјалнит мрежи, започна во 12:00 часот, демонстрантите се собраа пред ректоратот на Универзитетот во Тетово и оттаму се упатија кон седиштето на Демократската унија за интеграција, но беа спречени од полицијата да стигнат до штабот на ДУИ, пренесе Gazeta Express.
Организаторот на протестот, Блерим Ахмети, истакна дека овој протест е резултат на револтот поради многу монтирани случаи.
Демонстрантите бараат меѓународна истрага за случаите во кои обвинети се етнички Албанци, и, според Алсат М, отстранување на седиштето на ДУИ од Мала Речица.





