Престојната ратификација на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО, биле тема на средбата на министерот за надворешни работи Никола Димитров со помошникот државен секретар за Европа, Вес Мичел, во Стејт Департментот.
На средбата, како што соопшти МНР, Димитров изразил очекување дека набргу ќе следи и ратификација на протоколот во Сенатот на САД, а Мичел ја нагласил „историската важност на Преспанскиот договор како за Македонија така и за стабилноста и просперитетот на целиот регион“.
Попладневно, министерот Никола Димитров ќе има обраќање во Атлантскиот Совет пред експерти, претставници на невладини организации и дипломатската заедница во Вашингтон.





