Протоколот за НАТО предвреме во Собранието

На денешната седница Владата го утврди текстот на предлог-законот, кој ќе биде веднаш испратен во Собранието, а се очекува и да биде усвоен во најбрз можен рок и објавен во „Службен весник“.



По ова ќе биде депониран во Вашингтон, а ќе стапи на сила откако Шпанија ќе го ратификува.

Одлуката на Владата е донесена по усложнувањето на политичката ситуација во Шпанија, каде е се поизвесно дека до Нова Година нема да се формира стабилна влада.

Шпанија е единствената земја-членка на НАТО која се уште не го ратификувала Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата.

Македонскиот парламент треба да се распушти на 11 февруари.