Протојереј Тодоров: Барањето на Ахмети е шовинизам, национализам и големоалбански потег

Откако ДУИ ги повика сите албански партии и албански граѓани за избор на албански премиер, идеја која вчера ја објави Али Ахмети реагира протојерејот на МПЦ-ОА Ивица Тодоров според кого оваа изјава на Ахмети, како и целиот негов политички ангажман е чист шовинизам, популистички национализам и големоалбански мотивизам!



“До кога националната припадност во Македонија ќе биде примарна над нечија лична способност, доблесност, образованост, организираност, совесност, чесност?

До кога некои лидери на Албанците во Македонија само од својата националност ќе прават КАРИЕРА и БИЗНИС!

ВРЕМЕ Е ВАКВИОТ ПРИСТАП, ВАКВАТА ЗЛОУПОТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕ, како кај Албанците, така и кај останатите во оваа наша ограбена, изманипулирана, понижена, капитулирана, несреќна и сиромашна Македонија!!!!

СЕКОЈ СЕРИОЗНО ТРЕБА ДА СЕ ПОТРУДИ ДА СТАНЕ ПРВИН „ЧОВЕК“, а националната припадност е нешто што се наследува! Битна е таа, но, ако ја претставуваат НЕ-СПОСОБНИ НЕ-ЛУЃЕ, КРИМИНАЛЦИ, ПРОФИТЕРИ, ШОВИНИСТИ, ЗЛОСТОРНИЦИ, ПРЕДАВНИЦИ, националната припадност ќе биде повеќе за СРАМ, отколку за ПОЧИТ”, пишува свештеникот на МПЦ Тодоров во својот коментар.