Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој веќе најави дека не е исклучено да се кандидира за претседател бара реформа на умот.
Откако Спасовски, најверојатно тргнувајќи од неговата состојба на умот, најавува потреба од реформи на умот со што ги навредува сите граѓани тој упатува и закана за бркање на сите што нема да се реформираат а се дел од администрацијата.
Со оглед на тоа што е извесно дека тој нема да брка членови на СДСМ, ДУИ и Алтернатива од администрацијата, заканата е упатена кон сите други кои не се дел од владеачките партии.
,,Потребна е реформа на умот, на начинот на кој размислуваме и се однесуваме. Не е доволно да правиме само легислативни реформи. Ние 30 години правиме реформи, правиме концепт, се носи во Владата и Собрание, носиме закони и мислиме дека сме направиле добра работа.
Кога сме надвор од границите на Македонија ги почитуваме законите, правилата и се однесуваме на поинаков начин, а тука не знаеме до крај да си го цениме нашето.
Треба да направиме начин како да бидеме со повисок степен на интегритет и да ги почитуваме нормите. Почнува да се менува јавната свест, а со почетокот на преговорите со ЕУ ќе мора законите да дадат резултати.
Процесот на преговори со ЕУ не е имагинарен процес, туку процес во кој европските вредности мора да станат дел од нашите институции, а тие кои не се подготвени за реформите ќе мора да одат надвор од администрацијата”, пишува Спасовски кој на социјалните мрежи неретко од граѓаните се означува и како Обиџуко.





