Против кого се бори Спасовски: Го издаде ли потсвеста? (ВИДЕО)

Покрај низата сериозни информации, дилеми и нелогичности што вчера на прес конференцијата ги објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тој направи и еден гаф кој го психологијата се нарекува говор на потсвеста или народно “мувата на капата”.



Спасовски на прес конференцијата на која одби да даде оставка за бегството на Сашо Мијалков и ја пренасочи вината на јавното обвинителство во еден момент вели дека негова задача била да се бори против правдата.

Откако ја согледува грешката веднаш се исправа и вели криминалот, но тоа беше доволно да се отвори темата за потсвеста на министерот за внатрешни.