Протестот на лекарите со нови барања (ВИДЕО)

Освен враќањето на старата цена за паркинг која на иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов е зголемена од 300 на 800 денари за еден месец, лекарите денеска бараа и  продолжување на дијалогот за покачување на платите.



„Го повикуваме министерот за здравство поради актуелната состојба веднаш да ја организира ветената средба со премиерот. Господо од власта ветивте двојно зголемување на платите на здравствените работници, а на докторите специјалисти дека ќе ги покачите најмалку до 100.000 денари. Свикавте прес-конференција за медиуми за покачување пет посто без наше знаење и учество“, потенцираше Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на Клинички центар.

Тој наведе дека со таа постапка крајно ги понижиле зашто целата јавност дознала за покаќувањето од 10 и 5 отсто за медицинските сестри додека „некои ги покачија своите плати за 35 посто без никаква прес-конференција“.

Вработените во Клинички центар денеска трет ден протестираа и ја блокирааа наплатата на паркингот, и побараа градските власти под итно да ја поништат одлуката.

https://www.facebook.com/pressingtv/videos/472309139960145/